Заедничката понуда на унгарската фирма „Виалто Консалтинг“ и на англиската „ЕЦ Харис Лтд“ е избрана за најповолна понуда во постапката за ангажирање на консултант за избор на концесионер за изградба и користење на трамвајскиот превоз. Според градската управа, пристигнати биле седум понуди. Консултантите треба да изработат студии во две фази. Во првата фаза треба да се изработи студија за концесионирање на трамвајскиот превоз и целосна студија за трамвајскиот превоз во Скопје. Во втората фаза, пак, ќе работат на изработка на тендерска документација за концесионирање, ќе се ангажираат на деловната афирмација на проектот во меѓународни рамки, а во завршната фаза ќе се ангажираат и околу изборот на концесионер, изработка на договорот за концесионирање, како и за неговото склучување.
Заедничката понуда на унгарската фирма „Виалто Консалтинг“ и на англиската „ЕЦ Харис Лтд“ е избрана за најповолна понуда во постапката за ангажирање на консултант за избор на концесионер за изградба и користење на трамвајскиот превоз, соопштуваат од Град Скопје.
Според градската управа, пристигнати биле седум понуди. Консултантите треба да изработат студии во две фази. Во првата фаза треба да се изработи студија за концесионирање на трамвајскиот превоз и целосна студија за трамвајскиот превоз во Скопје.
Во втората фаза, пак, ќе работат на изработка на тендерска документација за концесионирање, ќе се ангажираат на деловната афирмација на проектот во меѓународни рамки, а во завршната фаза ќе се ангажираат и околу изборот на концесионер, изработка на договорот за концесионирање, како и за неговото склучување.
„ЕЦ Харис Лтд“ е една од водечките англиски консалтинг групации во областа на шинскиот превоз и досега има проектирано и реализирано многу проекти. „Виалто Консалтинг“ е компанија која е доминантна на унгарскиот пазар за проектирање и изведба на шински линии.
Консултантите проектот за концесионирање на трамвај во Скопје треба да го завршат во рок од една година по потпишувањето на договорот.